ФК Црвена Звезда е во финансиска криза, а клубот има среќа што во своите редови има вистински професионалци со голема доза на разбирање.
Директорот на клубот Звездан Терзиќ им откри на медиумите дека ги прашал играчите дали би можеле да играат до јуни без плата и дека тогаш ќе бидат исплатени од трансферите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не е прв пат Звезда да финкционира без пари. На отворен начин има кажав на играчите што не чека оваа пролет. Добив впечаток дека не знаат како Звезда функционира, па им објаснив се, од кого очекуваме пари и ги прашав: „Дали се спремни играте без пари до јуни“?
„Пари ќе има. Кога ќе дојдат прво вие ќе ги добиете. Овие момци се професионалци, имаат семејства, многу заработија оваа есен, но никој од нив не е без пари. Со разбирање ја прифатија мојата и идејата на раководството“, открива Терзиќ и продолжи:
„Тоа им го кажавме поради превентива, а не затоа што нема да го решиме проблемот. Звезда на секои три месеци има УЕФА мониторинг и редовно мораме да ги решавме финансиските проблеми“, изјави директорот на Звезда.