Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалерите до 19 години денеска на домашен терен го започнуваат походот за пласман на Европското првенство

Фудбалерите до 19 години денеска на домашен терен го започнуваат походот за пласман на Европското првенство

Младата репрезентација на Македонија до 19 години денеска го започнува походот за пласман на Европско првенство кое следната година ќе се одржи од 15 до 25 јули во Северна Ирска.

Нашите млади фудбалери во првото коло од групата 7 во рамките на мини квалификацискиот турнир, на домашен терен ќе се соочат со силната селекција на Украина. 

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Избраниците на селекторот Тони Јакимовски вчера го одработија официјалниот тренинг пред денешниот натпревар со Украина.

„Мислам дека можеме да го повториме успехот, подготвени сме да одговориме на предизвикот. Се соочуваме со проблеми околу повредени фудбалери. Нема да можеме да сметаме ниту на Елмас за овој турнир. Што се однесува до Даниел Марковски, тој е под знак прашање. Ќе се обидеме да направиме се што е во наша моќ за да го оспособиме за утрешниот натпревар.

Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата, нешто што не красеше и на квалификацискиот турнир во Полска. Желбата и мотивацијата кај фудбалерите се на едно највисоко ниво. Иако групата на прв поглед е неатрактивна, меѓутоа е многу силна. Се надевам дека ќе одиграме тимски и ќе дадеме се од себе. Верувам во успех“, изјави Јакимовски.

Натпреварот против Украина го играме со почеток од 14:00 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…