Дома Фудбал Италија ФС Италија донесе конечна одлука: Кој е во Суперлига, нема да биде во Серија А!

ФС Италија донесе конечна одлука: Кој е во Суперлига, нема да биде во Серија А!

Во фудбалскиот свет се уште се зборува за Суперлигата.

Од 12 клубови, четири се уште официјално не отстапиле. Во прашање се Реал, Барселона, Јувентус и Милан. Четирите гиганти на европскиот фудбал се убедени дека на европскиот фудбал му се потребни реформи.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


И додека УЕФА се уште е „блага“ кон „одметниците“ тоа не е случај со Фудбалскиот сојуз на Италија. Донесена е одлука при издавањето лиценца за Серија А сите клубови да мораат да ги прифатат исклучиво натпреварувањата под „капата“ на УЕФА и ФИФА.

„Кога во прашање е Суперлигата, оние кои сакаат да учествуваат во натпреварување кое не го одобруваат УЕФА, ФИФА и ФС Италија ќе го изгубат правото да бидат дел од Серија А. Засега не знаеме кој отстапил, а кој се уште е во Суперлигата, но оваа постапка ќе биде вметната во лиценцирањето за националното првенство“, изјави првиот човек на ФИГЦ, Габриеле Гравина.

Оваа одлука доаѓа само еден ден откако 11 клубови со отворено писмо се побунија до лигата за немањето санкции кон оние кои сакаа или се уште сакаат да има Суперлига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aморим си замина, а на Спортинг му се случи – катастрофа!

Спортинг од Лисабон едноставно повеќе не е истиот тим од кога замина Рубен Аморим. “…