Mладиот чувар на мрежата најверојатно се сели на Апенините.
Голманот на Тулуз Албан Лафон е во рангот на најталентираните голмани на планетата. Има 19 години стандарден е во францускиот клуб, а запиша и три настапи за селекцијата до 20 години на „триколорите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Момчето родено во Буркина Фасо во тековната сеозна запиша 32 настапи за Тулуз, а на 12 од нив успеа да ја сочува „чиста“ својата мрежа.
Бројни клубови го следат неговиот развој, во Франција пристигнуваа скаути на Арсенал, Њукасл, Вотфорд, па дури и Реал Мадрид, но како што стојат работите кариерата би можел да ја продолжи во Италија.
Имено, Рома и Наполи се спремни да испратат свои понуди за услугите на младиот Лафон. Според информациите на „Л’Eкип“ двата клуба се спремни да понудат по 10 милиони евра за младиот голман на Тулуз.
Познато е дека Наполи останува без Пепе Реина кој по истекот на договорот на крајот од сезоната се сели во Милан. И Рома би можела да остане без својот чувар на мрежата, но за разлика од Наполи би можеле добро да заработат бидејќи за нивиот Алисон Бекер е мета на најголемите европски клубови.