Данскиот стопер Расмус Николаисен предизвикал скандал во француски Тулуз, пишува „Л’Eкип“.
Имено, според информациите на францускиот медиум, Николаисен позајмил пари од шест соиграчи и членови на стручниот штаб за да врати коцкарски долгови со ветување дека брзо ќе ги врати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, тој позајмил вкупно околу 100.000 евра, а кога не ги вратил почнале проблеми во соблекувалните. Некои од фудбалерите го предупредиле претседателот на клубот што се случува, дел се заканиле и дека нема да играат додека парите не им бидат вратени.
Тренерот на крајот донел одлука да го исфрли Николаисен од тимот во минатото коло, иако официјалното објаснување беше дека отсуствувал поради болка во препоните.
Претседателот на Тулуз одлучил да ја реши ситуацијата така што на Николаисен ќе му ја исплати платата порано од предвиденото за да им се раздужи на соиграчите. За Данецот ова не е првпат да има проблеми поради коцкање, во минатото додека играше за Портсмунт тимот го казни затоа што се обложувал 53 пати.