Италијанецот Јаник Синер и Тејлор Фриц ќе се борат за титулата на УС Опен.
Најдобриот светски рекет во овој момент беше подобар од Џек Дрејпер со 3:0 во сетови. Имаше проблеми Синер со повреда на раката во вториот сет, но сепак успеа да собере сили и да го доведе мечот до неизвесна завршница.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Дрејпер даваше отпор колку што можеше во првите два сета, меѓутоа во третиот Синер му дозволи само два гема и така ја потврди победата. Во финалето Синер ќе има можност да дојде до неговиот втор грен-слем трофеј во 2024 година.
До битката за трофејот Фриц стигна откако со 3:2 4-6, 7-5, 4-6, 6-4, 6-1) го победи Френсис Тиафо. Водеше Тиафо со 2:1 во сетови, но Фриц со пресврт стигна до финалето.