Дома Македонски спорт Мак фудбал Фреди Алварез: Ќе биде тешко, но ние одиме по нови три бода!

Фреди Алварез: Ќе биде тешко, но ние одиме по нови три бода!

Во изминатиот дел од сезоната Фреди Алварез е еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ.

Алварез е од огромна важност во средниот ред на Шкупи кој е лидер на табелата. Утре Шкупи го чека натпревар против Македонија Ѓорче Петров, а Алварез го најави мечот за клупската страница.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Ќе биде тежок натпревар, ние одиме по нови три бода. Сакаме да останеме на првото место и со победа да ги израдуваме фановите затоа што тие го заслужуваат. Добро знаеме дека натпреварите со локалните ривали секогаш се тешки, ние ќе излеземе и ќе го дадеме максимумот“, изјави Алварез.

Како и останатите натпревари Македонија Ѓорче Петров и Шкупи својот натпревар го играат од 13:00 часот.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…