Дома Фудбал Останато Француските медиуми: Судијата ги навредувал играчите на ПСЖ

Француските медиуми: Судијата ги навредувал играчите на ПСЖ

Најеминентните француски медиуми денес откриваат интересни детали од натпреварот Барселона – ПСЖ, а поврзани се со судијата Ајтекин.

Имено, „Паризиен“, весник кој е близок до ПСЖ тврди дека судијата Дениз Ајтекин во текот на целиот натпревар од Лигата на шампиони го навредувал фудбалерите на ПСЖ и тоа на вулгарен начин.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Еби се, еби се“, наводно биле зборовите на Ајтекин во ситуација која играчите на ПСЖ барале пенал во своја корист и протестирале против пеналот за Барса.

„Паризиен“ наведува дека играчите се погодени од таквиот однос, односно не можеле да веруваат како може така да се однесува еден судија.

„Сега нема назад, но мислам дека резултатот би бил поинаков доколку судењето беше балансирано. Сите видоа пенал над Ди Марија, доколку беше досуден ќе беше 3:2 и се ќе беше готово“, изјави претседателот Ал Келаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…