Дома Фудбал Англија Француската легенда шокиран од ситуацијата во Челзи: Не би помогнале ниту 20 менаџери

Француската легенда шокиран од ситуацијата во Челзи: Не би помогнале ниту 20 менаџери

Французинот Емануел Пети беше една од легендите кои го следеа и коментираа вчерашното дерби помеѓу Арсенал и Челзи, тоа беа два клуба во кои Пети настапуваше како играч.

Пети помина три години како играч и во двата клуба, па добро е запозаен со структурата на клубовите. Во овој момент тој е објективен и испрати критики кон „сините“ кои играат очајна сезона и покрај потрошените милиони на засилувања.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Имав прилика да бидам блиску до клупата на Челзи и видов како неколку играчи се расправаат, посебно во второто полувреме. Однесувањето кое го видов од нив ме шокираше. Нема гордост, нема заедништво, нема пријателство…По тој момент си помислив дека ниту 20 фудбалери во овој момент не би ја решиле ситуацијата.

Во тимот има премногу играчи кои не се потребни, не знам дали постои тренер кој може да го реши ова што се случува. Навистина ми падна жал за навивачите“, изјави Пети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…