Дома Топ вести Французите тврдат: Баерн Минхен ја победи конкуренцијата и заврши трансфер од 80 милиони евра!

Французите тврдат: Баерн Минхен ја победи конкуренцијата и заврши трансфер од 80 милиони евра!

Според информациите кои пристигнуваат од Франција Баерн Минхен е блиску до комплетирање на зделката околу доведувањето на напаѓачот на Лил, Николас Пепе.

Фудбалерот на Лил прикажува одлични настапи оваа сезона и има учинок од 18 голови и 11 асистенции поради што го привлече вниманието на голем број европски гиганти, а досега со неговото име најмногу се поврзуваше Арсенал.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Меѓутоа Французите објавија дека Баерн ја добил трката и после преговоите кои ги воделе клубовите и кои траеле една недела. Сумата за која се пишува дека Баерн го договорил Пепе е навистина голема и изнесува 80 милиони евра.

Како што објави „беИН Спорт“ дел од трошоците во тие 80 милиони евра за играчот на Лил би требало да покрие „Адидас“ кој е спонзор на германскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…