Како што се очекуваше, Фудбалскиот сојуз на Франција одлучи да го промени логото откако ја освои втората светска титула.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што обично се прави, Французите сакаа да додадат и втора ѕвездичка на логото, а во таа прилика направија уште некои промени.
Популарниот петел се уште е тука и веројатно ќе биде секогаш, но сега е малку помодерен. Нормално, навивачите ќе бидат најгорди со втората ѕвездичка, а францускиот сојуз објасни дека вакво лого ќе има само на дресовите на сениорите и сениорките.
„Природно, Францускиот фудбалски сојуз сакаше официјалното лого да го еволуира и затоа ја додадовме втората ѕвездичка. Ѕвездичките ќе бидат користени за А машкиот и женскиот тим, со што ќе ги обележиме бројот на титули кои сме ги освоиле.“ – се наведува во соопштението на ФФС.
