Еден од најпознатите фудбалски магазини „Франс Фудбал“ кој најмногу е познат по тоа што веќе шест децении ја доделува најпознатата фудбалска награда, „Златната топка“ го состави нивниот тим на деценијата.
Изборот на „Франс Фудбал“ предизвика дебата во фудбалскиот свет затоа што многумина не се согласуваат со дел од имињата кои се најдоа во тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најмногу се коментира за Вирџил Ван Дајк, оние кои сметаат дека не треба да биде во тимот како најголем аргумент го тврдат тоа што до пред две години ретко кој го познавал. Спорно е и местото на Икер Касиљас кој не брани како во најдобрите денови од 2015 година па наваму. Се коментира и Нејмар кој за многумина ништо не покажал освен што се уште е најскап фудбалер во светот со трансферот од Барса во ПСЖ за 222 милиони евра.
Во тимот најмногу фудбалери доаѓаат од Барселона и Реал Мадрид кои во изминатата деценија заедно освоија шест европски титули, по еден има од Баерн, Ливерпул, ПСЖ и Јувентус.