Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро преживеал тешка сообраќајна несреќа во Холандија, пренесува ЕСПН. Според истиот извор, Аргентинецот скршил ребро.
#Video Así quedó el vehículo donde viajaba Agüero en Holanda: el argentino sufrió una fractura en las costillas. https://t.co/rkzno9HO5z
— SportsCenter (@SC_ESPN) September 29, 2017
Несреќата се случила додека напаѓачот се возел со такси до аеродромот. Таксистот изгубил контрола над возилото и се удрил во колоната од спротивната насока.
Агуеро во таа прилика скршил ребро и се очекува да биде надвор од теренот од шест до осум недели, што значи дека ќе го пропушти саботното дерби против Челзи, како и двата одлучувачки натпревари на Аргентина во квалификациите за Светското првенство.
Инаку, Агуеро беше во Амстердам по повод концертот на колумбискиот пејач, Хуан Луис Аријас, познат како Малумa.