Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард објави фотографија на социјалните мрежи од својот син облечен во дрес на Јувентус од Арон Рамзи.
Две и пол годишниот Лио Џорџ Џерард очигледно е навивач на Арон Рамзи и му се допаѓа Јувентус, па позираше во дрес на „старата дама“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Веднаш откако Стивен Џерард ја објваи сликата на социјалните мрежи следуваше коментар од „старата дама“ која му понуди договор на малиот Џерард.
„Слатко дете, топ дрес и легендарен татко. Можеме да му понудиме место во нашиот тим за во иднина“, беше коментарот на Јувентус.
