Дома Фудбал ФОТО: Роналдо одлучил на сите начини да го задржи Бензема во Реал Мадрид

ФОТО: Роналдо одлучил на сите начини да го задржи Бензема во Реал Мадрид

Реал Мадрид вчера на „Сантијаго Бернабеу“ со убедливи 4:0 го совлада Алавес во рамките на 25. коло од шпанската Ла Лига.

„Кралскиот клуб“ конечно влегува во вистинската форма по многуте лоши натпревари во последните неколку месеци. Реал на крилјата на Роналдо стигна до нова победа, но Португалецот сакаше овие заслуги да одат на сметаката на Карим Бензема.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Францускиот напаѓач се мачи со формата оваа сезона, а се почесто добива и свиркање од навивачите на Реал. Но, Роналдо очигелдно одлучил да му помогне на Бензема за да се врати во форма и што е најважно да ја врати загубената доверба.

Реал поведе во 44. минута со голот на Роналдо, но португалскиот играч бараше од навивачите аплауз за Бензема кој му асистираше. Иако Роналдо имаше шанса да постигне хет-трик, во финишот од натпреварот му даде на Бензема да го изведе пеналот со што ги постави конечните 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски на раскрсница: Да направи чекор кон пензија или „топот“ уште функционира?

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски за неколку месеци останува без договор со Барселона. П…