Дома Фудбал Италија ФОТО: Продаден првиот дрес на Роналдо во Јувентус – Еве кој е првиот купувач

ФОТО: Продаден првиот дрес на Роналдо во Јувентус – Еве кој е првиот купувач

ronaldo

Она што се шпекулираше со денови, а навивачите на „Старата дама“ со нетрпение го очекуваа, на крајот се случи.

Кристиано Роналдо на големо изненадување на многумина се сврте кон Италија и официјално потпиша соработка со италијанскиот гигант Јувентус. Платен е повеќе од 100 милиони, иако има 33 години, сепак тој е најдобриот играч во светот. Нема никакви дилеми дека шампионот на Италија направи одличен потег, бидејќи го доведе официјално најдобриот фудбалер на планетата.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Иако за неговото доаѓање мораше на сметката на трикратниот шампион на Европа да плати деветцифрен износ, јасно дека уплатените пари многу брзо ќе бидат вратени. Поточно, Јувентус веднаш започна да ги враќа парите од Роналдо, бидејќи на големо се продаваат црно-белите дресови со бројот седум, кои Кристиано ќе ги носи во Торино. Италијанските медиуми пишуваат дека за само два часа биле продадени повеќе од 100 дреса во официјалната продавница на Јувентус, а еден чини 89 евра.

Нема сомнеж дека Јувентус вложените пари во Роналдо многу брзо ќе ги врати, но ќе биде интересно да го видиме Роналдо во Серија А, како ќе се снајде и адаптира ќе дознаема по започнувањето на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалер на Звезда го налути Вучиќ со изјавата по натпреварот со Интер

Претседателот на Србија Александар Вучиќ следи што се случува со спортот во неговата земја…