Хрватскиот напаѓач, Марио Манџукиќ ова лето би можел да ги напушти редовите на Јуветус.
Имено, Супер Марио не е во плановите на Маурицио Сари и веројатно ќе го промени клубот. Хрватскиот напаѓач, Марио Манџукиќ минатата сезона одигра 33 натпревари во дресот на Јувентус и постигна 10 гола и одлично се соработуваше со Роналдо во нападот. Манџукиќ во април потпиша и нов договор, но со доаѓањето на новиот тренер ситуацијата се промени и Сари сака да го види Игуаин во врвот на нападот на Јуве.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До тогаш се наоѓа на одмор и според фотографијата која ја објави, приказните за заминување и не го интересираат. Ужива во слободното време и напиша дека нема стрес. Манџукиќ кариерата би можел да ја продолжи во Кина, а постои можност сепак и во новата сезона да го гледаме во Серија А. За неговите услуги е заинтересиран Лацио. Проблем за сега е само висината на платата.