Дома Фудбал Останато ФОТО: Погледнете како синот на Роналдо го гледаше Меси додека зборуваше неговиот татко

ФОТО: Погледнете како синот на Роналдо го гледаше Меси додека зборуваше неговиот татко

Кристиано Роналдо синоќа во Лондон на церемонијата на ФИФА беше прогласен за најдобар играч во светот оваа година.

Португалскиот фудбалер според очекувањата ја доби наградата за најдобар играч во светот, пред конкурентите Лионел Меси и Нејмар. Ронадло зад себе има одлична сезона со Реал Мадрид и би било навистина чудо доколку тој не ја освоеше оваа награда.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Роналдо во Лондон допатува со девојката Џорџина и си својот син Кристиано Џуниор. Иако неговиот татко е најдобар во светот изгледа дека на неговиот син не му е баш интересно што има Роналдо да каже. Кога камерата го прикажа Кристиано Џуниор тој гледаше што прави Меси, бидејќи познато е дека тој е негов голем обожавател.

Иако медиумите се обидуваат да создадат слика од големо ривалство помеѓу Меси и Роналдо надвор од теренот, изгледа дека нема ниту „влакно“ од тоа. Тоа го докажа Роналдо кој призна дека неговиот син сака да го гледа Меси и дека е негов голем обожавател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Maлку му се 20 милиони евра: Еве колку пари сака Винисиус да остане во Реал Мадрид!

Преговорите помеѓу Реал Мадрид и Бразилецот Винисиус за продолжување на договорот моментал…