Фудбалската федерација на Македонија ги промовираше дресовите на македонските фудбалери, кои ќе настапат на Европското првенство.
Македонија на ЕП ќе има можност да настапи во три варијанти на дресот, првата и официјална е во бордо боја, вториот е бел со жолти црти и третиот е црн со портокалова комбинација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите воопшто не се задоволни поради потегот на ФФМ и решија да отворат петиција преку која бараат да се врати црвената боја на македонскиот дрес.
Својот став за дресот го кажа и капитенот Горан Пандев, кој вчера на социјалните мрежи објави слика од стариот дрес и им даде поддршка на фановите.
Доцна синоќа нашиот капитен сподели уште една фотографија од македонски дрес во жолто-црвена комбинација и напиша „Македонија“.
Како ќе се одрази новиот дрес во атмосферата на репрезентацијата останува да видиме.
Да потсетиме, Македонија во вторник го игра пријателскиот натпревар против Словенија кој ќе се одигра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, а од денеска се пуштени во продажба и картите за овој натпревар.