Бразилецот Нејмар кој се опоравува од повредата во Бразил слободното време го искористи за дружење со пријателите од детството.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Откако беше изнесен на носилки во натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и Марсеј, на бразилскиот напаѓач му беше извршена операција и многу веројатно е дека ќе го пропушти остатокот од првенството и доколку се оди според планот ќе биде спремен за Мундијалот во Русија.
Слободно време Нејмар го искористи за играње картинг (не вистински), туку на „Nintendo Switch“ играјќи „Марио Карт“. Наградата за победникот беше задоволство поради победата, а казната за најлошиот – склекови.
Покрај тоа Бразилецот исто така играше на меѓународниот турнир во мал фудбал кој го носеше неговото име „Neymar Jr’s Five“.
Финалето на овој турнир е закажано за 21 јули во Бразил.




