Дома Фудбал Останато ФОТО: Како ќе изгледаше Палермо да не ги продаваше најдобрите играчи?

ФОТО: Како ќе изгледаше Палермо да не ги продаваше најдобрите играчи?

Можеби Палермо никогаш не бил голем клуб, но затоа во својата екипа имаше фудбалери за кои слушна целиот свет.

Маурицио Зампарини го купи сицилијанскиот клуб уште од 2002. година, две години подоцна со него оствари промоција во Серија А, а од позицијата претседател се повлече минатата година. Пред неколку дена, официјално потврди дека го продал клубот и со тоа заврши неговата 16-годишна ера.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


За времето на Зампарини, во Палермо поминаа огромен број на фудбалери од светска класа, а интереско е да се види идеалниот тим на овој клуб во последната деценија и половина.

На голот би бил Салвасторе Сиригу, во одбраната би играле Андреа Барзаљи, Камил Глик и Симон Кјаер, додека средниот ред би бил импресивен – Франко Васкез, Матео Дармиан, Хавиер Пасторе, Јосип Иличиќ и Паоло Диабала. Нападот би бил резервиран за Едисон Кавани и Андреа Белоти.

Палермо денеска игра во Серија Б, но со ваков тим во најмала рака би бил еден од фаворитите за првите четири позиции и пласман во Лигата на Шампионите. Инаку, кога Зампарини го превзеде Палермо, овој клуб 30 години не беше во Серија А, а за време на неговото управуање клубот пет пати играше во европските натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бомба од „Енфилд“! Робертсон си заминува од Ливерпул, во јануари потпишува договор со нов клуб!

Најавите велат дека капитенот на репрезентацијата на Шкотска е отворен за потпишување прет…