Реал Мадрид вчера го совлада Пари Сен Жермен со 3:1 и обезбеди одлична предност пред реваншот во Париз.
Овој натпревар Унаи Емери го стартуваше без капитенот и столб на одбраната на ПСЖ Тиаго Силва, но и без поранешниот играч на Реал Мадрид Анхел Ди Марија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тактиката на Емери на крајот се покажа како погрешна, а по натпреварот стратегот на „светците“ се најде на мета на критиките на фудбалската јавност, но критики до Емери стигнаа и од сопругите на двајцата славни фудбалери.
Преку популарната социјална мрежа Инстаграм Хорхелина Кародосо, сопругата на Анхел Ди Марија порача: „Вашиот напор + вашата работа + головите + асистенциите + одлична форма = клупа. Но ние сме само жени, не се разбираме“.
Сопругата на Силва сепак не беше толку жестока и само напиша „Тактиката, тактика? Каква тактика?