Дома Фудбал Италија Фото: Донарума утре ќе ја промени историјата на Серија А

Фото: Донарума утре ќе ја промени историјата на Серија А

„Бисерот“ на Милан, Џанулиџи Донарума утре на мечот против Наполи ќе слави голем јубилеј, 100-то натпревар за „росонерите“ во Серија А.

Со тоа Донарума ќе стане најмладиот фудбалер во историјата на италијанскиот фудбал кој запишал 100 натпревари во Серија А.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Имено, Донарума ќе стигне до „стотката“ со само 19 години, 1 месец и 23 дена и ќе го собори рекордот на легендарниот Џани Ривера кој до 100-от меч во Серија А стигнал на 19 години, 5 месеци и 9 дена.

За каков талент станува збор најдобро говори фантот што Донарума ќе ги претекне најголемите имиња во италијанскиот фудбал како Силвио Пиола, Паоло Малдини, Франческо Тоти…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Да не ја одлучи овој момент првенството на Англија?

Арсенал синоќа со гол во самиот финиш дојде до победа против Евертон и на тој начин максим…