Дома Фудбал Германија ФОТО: Дали видовте што му купил играчот на Лајпциг на својот агент?

ФОТО: Дали видовте што му купил играчот на Лајпциг на својот агент?

Напаѓачот на бундеслигашот Лајпциг, Емил Форсберг не штедеше кога го бираше подарокот за својот агент, Хасан Четинкај.

Пред да се приклучи на тимот од Германија, овој 25-годишен напаѓач играше во својата татковина, Шведска, а заслугите за тоа што денеска игра на највисокото ниво му се пропишуваат токму на неговиот агент.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Ме доведе од малиот Сундсвал овде каде што сум сега и секогаш веруваше во мене“, изјави Форсберг за својот агент, кој во знак на благодарност за сето она што го нарпавил за него, му купи скапо Ферари.

Четинкај овој поклон најпрво го одбил, но на крајот го прифатил.

„Немав избор. Ми се закани дека ќе ми даде отказ“, изјави тој преку смеа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Килијан Мбапе откри кој отсекогаш бил неговиот идол

Во интервју за шпанската телевизија Movistar, Мбапе зборуваше со голема почит за Кристијан…