Дома Фудбал Англија ФОТО: Вака би можело да изгледа новиот Манчестер Јунајтед

ФОТО: Вака би можело да изгледа новиот Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед уште од заминувањето на Ферусон во пензија е далеку од европскиот врв.

Актуелниот тренер, Жозе Мурињо најави дека во следниот трансфер период најверојатно ќе потроши уште пари за да ја состави екипата која би можела да има поголема улога во Лигата на Шампионите.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„TalkSport“ го анализираше сегашниот тим на Јунајтед и ситуацијата на пазарот и предвидува дека Мурињо следното лето би можел да да го доведе Иван Перишиќ. Минатото лето беше блиску до доведување на хрватскиот репрезентативец, но Јунајтед и Интер не успеаа да се договорат околу надоместот.

Британците сметаат дека Мурињо мора да ја засили одбраната, па во друштво на Ерик Баи да ги додадат Томас Муние од ПСЖ, Тоби Алдервилд од Тотенхем и Хозе Гаја од Валенсија.

Во средниот ред, во кој се меѓу останатите и Пол Погба и Џеси Лингард, Мурињо би можел да го доведе Фред од Шахтјор, а во офанзивниот дел Ромелу Лукаку и Алексис Санчез да се придружат Иван Перишиќ и Кристиан Пулишиќ од Борусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок за Тудор: Не може да поверува што му се случува во Лондон!

Хрватскиот стратег Игор Тудор пристигна во Тотенхем со надеж дека ќе го спаси лондонскиот …