Дома Фудбал Италија Фотографија од формацијата на Јувентус стана хит на социјалните мрежи

Фотографија од формацијата на Јувентус стана хит на социјалните мрежи

Јувентус вчера одигра лош натпревар и ремизираше 0:0 против Сампдорија, а една фотографија која се појави на социјалните мрежи е можеби објаснување зошто фудбалерите на Јувентус во 90 минути скоро и да не беа опасни кон противничкиот гол.

Фановите на Јувентус се бесни на Алегри и неговата игра, бараат негово заминување (ТУКА), а оваа фотографија е само уште една причина.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Спортскиот коментатор на Матео Бонети на социјалните мрежи објави фотографија од почетокот на една акција во која играчите на Јувентус се распоредени во форма на октагон. Немаше ниту еден играч во средината да се доближи да прими топки и да го поврзе средниот ред со нападот.

На крајот после ова и не е толку чудно што Душан Влаховиќ во првото полувреме имаше само три допири со топката, а во целиот натпревар вкупно девет. Српскиот напаѓач и не упати ниту еден удар кон голот на Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ретки се оние кои ја одбиваат понудата од Баерн Минхен, а овој играч токму тоа го направи

Летниот трансфер период заврши во речиси сите европски лиги, а сега Фабрицио Романо носи в…