Повеќе нема никакви дилеми, 29 годишниот Германец, Бенедик Ховедес е нов фудбалер на италијанскиот шампион Јувентус.
Искусниот Ховедес во текот на вчерашниот ден пристигна во Торино, а утрово ги извршуваше медицинските прегледи после кои треба да стави потпис на договорот со Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ховедес пристигнува во Јувентус како позајмен фудбалер за два милиони евра, со што „старата дама“ има обврска да го откупи фудбалерот нак рајот од сезоната за дополни осум милиони евра.
Покрај Јувентус, интерес за сега веќе поранешниот дефназивец на Шалке покажа и тимот на Ливерпул, но Ховедес го избра италијанското првенство.
Look who's coming… ??? – LIVE from J Medical Torino
Posted by Juventus on Wednesday, August 30, 2017