Одличен натпревар се одигра во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода во кој ФМП пружи силен отпор на шампиоот МЗТ Скопје. На крајот МЗТ славеше со 66:71.
Натпреварот се играше рамноправно во првото полувреме кое заврши со 1 поен предност за МЗТ Скопје Аеродром (33:34). Гостите од Аеродром, ефикасно го започнаа вториот дел, во кој ја направија клучната разлика. Иако на 2 минути до крајот на натпреварот се доближивме на 4 поени разлика, со поените на Ноа Блантон, сепак МЗТ Скопје Аеродром успеа да ја задржи разликата, со поените на Маслинко и Стојановски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобар играч на натпреварот беше капитенот на ФМП Даниел Нацевски, кој оствари дабл-дабл учинок, со постигнати 15 поени и 10 скока, на кои придодаде и 4 асистенции. Одличен настап имаа и Ноа Блантон со 16 поени, 5 скока и 1 асистенција и Александер Лонг со 13 поени, 9 скока и 2 асистенции. Кај гостите најефикасни беа Дамјан Стојановски со 19 поени, 7 скока и 2 асистенции и Андреј Маслинко со 18 поени и 8 скока.