Aктуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид се наоѓа во голема резултатска криза, а секако кога не оди главен виновник е Јулијен Лопетеги.
Лопетеги во текот на летото пристигна во Реал Мадрид како замена за Зинедин Зидан, но сезоната за него не можеше да започне полошо. „Кралевите“ се во една од најголемите кризи во својата историја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Шпанија тврдат дека Лопетеги ќе биде отпуштен кога Перез ќе му најде адекватна замена.
Покрај тоа тие пренесуваат сензационална вест дека сопственикот на Реал Мадрид утрово телефонски разговарал со Жозе Мурињо. Наводно, Перез е спремен да му понуди на Мурињо да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, но според информациите Португалецот тоа го одбил.
Мурињо вчера на конференцијата за медиуми порача дека нема намера да се враќа во Реал Мадрид ово овој момент и дека сака да остане во Јунајтед крајот на договорот.
Real Madrid president Florentino Pérez believes the best solution for the club is to wait for Manchester United to sack José Mourinho. (Source: El Pais) pic.twitter.com/PrHfP6Xsgy
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 23, 2018