Дома Трансфер зона Флик одлучил: Еден фудбалер може да си бара нов клуб – Барселона ја одредила цената!

Флик одлучил: Еден фудбалер може да си бара нов клуб – Барселона ја одредила цената!

Ерик Гарсија ќе биде ставен на трансфер листата во јануарскиот преоден рок.

Откако се вратија сите повредени фудбалери, младиот Шпанец сигурно ќе биде дури петти избор на позицијата стопер и како последен фудбалер за врска и разделбата веројатно ќе биде најдобра опција.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во одбраната пред него се Пау Кубарси, Иниго Мартинез, а сигурно и Роналд Араухо и Андрес Кристенсен кога ќе се вратат во наредните недели. Гарсија играше по потреба во средниот ред, меѓутоа таму се вратија Гави и Де Јонг.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона одлучила да го продаде по цена од 15 милиони евра и веќе интерес покажале Жирона и Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…