Дома Фудбал Останато ФИФА ќе отвори вонреден преоден рок за фудбалерите кои заминуваат од Русија

ФИФА ќе отвори вонреден преоден рок за фудбалерите кои заминуваат од Русија

Светската фудбалска организација (ФИФА) даде предлог деновиве да се отвори нов преоден рок за да можат странските играчи да ги напуштат руските клубови.

Поради војната во Украина многу фудбалери сакаат да ја напуштат Русија. Фудбалската федерација на Полска и сугерирала на ФИФА дека стотици играчи во руската лига сакаат да ги напуштат своите клубови.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


ФИФПро, уште минатиот викенд побара сите фудбалери да може експресно да ги раскинат договорите со руските клубови на штета на клубот и ФИФА да ги прифати како слободни фудбалери.

Руските фудбалски клубови, но и репрезентацијата, се елиминирани од сите европски натпреварувања, па им останува само домашното првенство. Поради санкциите што западните земји ги воведоа кон Русија, многу клубови останаа без доволно приходи за да им исплатат плати на своите играчи.

ФИФА сериозно размислува да отвори нов мини преоден рок месецов за да може странските фудбалери од руските клубови да си најдат нови клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луда бројка: Еве колку заработил Ѓоковиќ во кариерата само од тенисот!

Новак Ѓоковиќ е без сомнение меѓу најуспешните тенисери на сите времиња. Ова го потврдува …