Од Меѓународната фудбалска федерација признаа дека нивниот систем е хакиран, втор пат оваа година.
Наводно, хакерскиот напад се случил во март, а се уште нема потврда за какви податоци и документи се работи. Очекувањата се во петок на сајтот „Фудбал Ликс“ да бидат објавени ексклузивните информации.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Некои извештаи наведуваат дека мета биле членовите на Европската фудбалска унија и преку нивните налози хакерите успеале да влезат и во ФИФА.
ФИФА за хакерскиот напад зборуваше претходната недела.
Како одговор на нападот се изјаснија со соопштение.
„ФИФА ги осудува сите обиди да се загрози доверливост, интегритетот и достоинството на било која организација со користење на нелегални средства и начини“.
„Фудбал Ликс“ прв пат доверливи документи објави во 2015 година, а германски „Шпигл“ потоа за голем број ексклузивни вести се повикуваше на мејлови и пораки до кои не е лесно да се дојде.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!