Дома Фудбал Останато ФИФА потврди: Нант го тужел Кардиф за Сала

ФИФА потврди: Нант го тужел Кардиф за Сала

Денес беше соопштено дека Нант ќе се жали во ФИФА поради неисплаќањето на првата рата од страна на Кардиф за Емилијано Сала.

Првата рата од трансферот на аргентинскиот напаѓач кој настрада во авионската несреќа на 21-ви јануари требаше да се исплати до вторникот, но клубот од Премиер лигата одлучи да ја стопира исплатата додека трае истрагата за падот на авионот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Оштетата за Сала во износ од 15 милиони фунти требаше да биде исплатена на три рати, а Нант го извести Кардиф дека првата рата требаше да биде платена до 20-ти февруари.

Клубовите подоцна се сложија да го продолжат рокот за уште една недела, но изминува и тој рок, а од Кардиф немаше никаква реакција. Францускиот Л’Eкип објави дека Нант ја контактирал ФИФА за да донесе пресуда за овој случај.

И таквите информации се покажаа како точни – ФИФА се огласи.

„Добивме тужба и во овој момент ја разгледуваме ситуацијата“, кратко порача портапоролот на ФИФА.

Со оглед на тоа дека документацијата беше комплетирана се очекуваше да нема проблеми, но очигледно се појавуваат. Сала официјално стана играч на Кардиф и со самото тоа англискиот клуб е должен да го испочитува договорот и да ја исплати сумата на Французите.

Телото на пилотот кој го управуваше авионот, Дејв Иботсон се уште не е пронајдено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…