Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФИФА покрена истрага против Вида – заврши Мундијалот за дефанзивецот на „коцкестите“?

ФИФА покрена истрага против Вида – заврши Мундијалот за дефанзивецот на „коцкестите“?

Хрватската репрезентација се соочува со проблеми и може да остане без својот дефанзивец Домогој Вида на преостанатите два натпревари на Мундијалот.

Стоперот на „коцкестите“ заедно со Огњен Вукојевиќ по натпреварот снимија видео во кое победата против Русија и ја посветуваат на Украина.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Можеби тоа го направија со најдобра намера, бидејќи двајцата голем дел од своите кариери минаа во редовите на Динамо Киев, но тоа предизвика големи реакции во руската јавност.

Сега ФИФА ќе покрене дисциплинска постапка против Вида поради „политичка провокација“, па може да добие два натпревари суспензија. Во најдобар случај може да биде парично казнет како Џака и Шаќири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Конечно го напушта Челси: Рахим Стерлинг се сели во лондонски ривал!?

Рахим Стерлинг наскоро би можел да стане нов член на Фулам. Англиските медиуми открија ден…