Дома Фудбал ФИФА покрена истрага против аргентинската репрезентација

ФИФА покрена истрага против аргентинската репрезентација

ФИФА покрена истрага за видеото кое се појави на социјалните мрежи во кое неколку аргентински репрезентативци пеат навредливи песни против француските играчи по освојувањето на Копа Америка, a која Француската фудбалска федерација ја опиша како „расистичка и дискриминаторска“.

„ФИФА е запознаена со видеото кое кружи на социјалните мрежи и инцидентот се истражува. ФИФА најостро осудува каква било форма на дискриминација против кој било, играчи, навивачи или судии“, објави меѓународната фудбалска организација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш Челзи, Весли Фофана го опиша контроверзното видео објавено на социјалните мрежи од неговиот клупски колега Енцо Фернандез како „неприфатлив расизам“, а Фернандез подоцна се извини со образложение дека бил „понесен од еуфоријата на прославата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик веќе одлучил: Овие двајца можат да заминат од Барселона!

Летово ќе биде време за промени во Барселона, тоа веќе е јасно, независно од тоа како ќе с…