Дома Фудбал ФИФА отвора нов преоден рок на фудбалскиот пазар

ФИФА отвора нов преоден рок на фудбалскиот пазар

ФИФА го потврди воведувањето на нов преоден рок следното лето.

Досега летниот преоден рок траеше од 1 јули до 31 август, додека зимскиот период траеше во текот на јануари.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сепак, нов трансфер прозорец ќе биде отворен од 1 до 10 јуни 2025 година за да им се овозможи на клубовите да регистрираат нови играчи пред Светското клупско првенство, кое ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули 2025 година во САД со 32 екипи.

ФИФА планира да го отвори тој рок во земјите чии клубови учествуваат на првенството, но одлуката допрва треба да ја потврдат националните сојузи.

Меѓу учесниците на Светското клупско првенство се:

Азија (4): Ал-Хилал (Саудиска Арабија), Урава Ред Дајмондс (Јапонија), Ал Аин (ОАЕ), Улсан ХД (Јужна Кореја)

Африка (4): Ал Ахли (Египет), Вајдад АС (Мароко), Есперанс де Тунис (Тунис), Мамелоди Сандаунс (ЈАР)

Северна Америка (5): Монтереј (Мексико), Сиетл Саундерс (САД), Леон (Мексико), Пачука (Мексико), Претставник домаќин (САД)

Јужна Америка (6): Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе (сите Бразил), Ривер Плата, Бока Јуниорс (двете Аргентина), победник на Копа Либертадорес 2024 година

Океанија (1): Окленд Сити (Нов Зеланд)

Европа (12): Челзи, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус, Атлетико Мадрид, РБ Салцбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов откако го сруши Копенхаген среде Данска: Не сум само јас херој!

Maкедонскиот фудбалер Дарко Чурлинов во вчерашниот натпревар на Јагелонија во Данска проти…