Дома Македонски спорт Мак фудбал ФИФА одвои 150 милиони долари – ФФМ добива 500.000 долари

ФИФА одвои 150 милиони долари – ФФМ добива 500.000 долари

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе издвои 150 милиони долари за оперативни фондови за 2019 и 2020 година за поддршка на своите членови во време на пандемијата на коронависрусот.

Секоја од 211 членка на ФИФА ќе добие прва транша од 500.000 американски долари, при што сите други исплати за 2019 и 2020 година ќе бидат реализирани во рок од неколку дена.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Пандемијата предизвика невидени тешкотии за целиот свет на фудбалот, а ФИФА, која има улога да ги поддржува оние кои имаат потреба, ќе ги исполни своите обврски“, изјави Џани Инфантино.

„Ова е почеток на нашиот долгорочен финансиски план, кој се уште е во фаза на развој. Наша цел е да им помогнеме на нашите членови, од кои многумина доживуваат огромни финансиски тешкотии во тековната ситуација“, додаде првиот човек на ФИФА.

Ова значи дека и Фудбалската федерација на Македонија ќе биде побогата за половина милион долари. Вообичаено, ФИФА исплаќа такви средства не порано од јули и само кога се исполнети одредени критериуми, но сега се реши да ги додели порано поради ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Елмас: Против Италијанци секогаш е тешко, посебно против Јувентус

Македонскиот фудбалер, Елиф Елмас во интервју за клупската страница на Лајпциг зборуваше п…