Шпанскиот весник „АС“ објави дека ФИФА и УЕФА нема да можат да ги казнуваат клубовите кои беа иницијатори за формирање на Суперлигата.




Идејата за Суперлига не се реализираше и пропадна во само 48 часа, но главните иницијатори не се откажуваат и веруваат дека во иднина може да дојде до формирање на вакво натпреварување.




Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Ако се случи такво нешто клубовите кои ќе одлучат да учествуваат нема да смеат поради тоа да бидат казнувани од ФИФА и УЕФА.




„ФИФА и УЕФА не можат да го оправадаат антиконкуретнското однесување како да се единствени чувари на одредени европски вредности, посебно ако тоа служќи како изговор за поддршка на монопол од кои можат да ја исклучат или попречат иницијативата да се формира нејзин конкурент во ликот на „Суперлигата““, стои во образложението.



