За прв пат во историјата Светската фудбалска куќа (ФИФА) објави ранкинг за национални футсал тимови, а на истиот Македонија се наоѓа моментно на 58 место со 1019 поени.
Во однос на ФИФА ранкингот за фудбалските репрезентации, во светот на футсалот сликата изгледа доста поинаква.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразил е на првото место со 1568 поени, пред Португалија (1527), а на третата позиција е Шпанија со 1514.
Редоследно од четвртото до 10 место се наоѓаат Иран, Аргентина, Мароко, Русија, Казахстан, Тајланд и Франција.
Објавен е и футсал ФИФА ранкинг во женска конкуренција, каде исто така водечки е Бразил (1364 поени), а Македонија нема свој национален тим на оваа ранг листа.