Дома Фудбал Останато ФИФА ги објави тројцата кандидати за наградата најдобар играч во годината

ФИФА ги објави тројцата кандидати за наградата најдобар играч во годината

ФИФА ги објави имињата на кандидатите за најдобар играч на годината по избор на фудбалската светска организација.

За наградата „The Best“ ќе конкурираат Ван Дајк од Ливерпул, Меси од Барселона и Роналдо од Јувентус. Истите тројца фудбалери се натпреваруваа и за наградата играч на годината според УЕФА, а признанието го доби Ван Дајк.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


За најдобар тренер ќе конкурираат Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), Јирген Клоп (Ливерпул) и Маурисио Покетино (Тотенхем). Бекер од Ливерпул, Едерсон од Сити и Тер Штеген од Барселона се во конкуренцијата за најдобар голман.

Доделувањето на наградите ќе се оджи во Милано на 23. септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…