Дома Топ вести ФИФА ги објави деталите: Потрошени 3,7 милијарди за трансфери

ФИФА ги објави деталите: Потрошени 3,7 милијарди за трансфери

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) денес ги објави сите детали од летниот преоден рок во кој биле направени 7.481 меѓународен трансфер, нешто помалку од минатата година (7.771).

Сите транзиции чинат 3,72 милијарди долари, што е за 7,5% помалку од 2020 година (4,02 милијарди долари). Ова е нешто повеќе од 60% од рекордната сума потрошена во 2019 година (5,8 милијарди).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради пандемијата и финансиската ситуација на клубовите за очекување беше дека бројките ќе бидат значително помали од 2019 година, односно пред пандемијата.

Дури 58,6% од трансферите биле на играчи кои се слободни агенти, односно им истекле договорите со клубовите.

Повеќето зделки летово беа склучени со учество на играчи чии договори со нивниот поранешен клуб истекоа (58,6%). Закупот и враќањето на фудбалерите од закуп изнесуваа 26,6% од сите трансакции, а целосните трансфери, само 14,8%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…