Дома Фудбал Репрезентации ФИФА воведе санкции за Русија: Ќе играат со друго име, без навивачи и без химна!

ФИФА воведе санкции за Русија: Ќе играат со друго име, без навивачи и без химна!

И ФИФА воведе санкции против Русија.

Откако Полска, Шведска и Чешка јасно кажаа дека не сакаат да играат на територијата на Русија бараж за СП во Катар, со тоа што Полска отиде чекор подалеку и порача дека никако не сака да игра против Русија.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Меѓутоа ФИФА пресуди дека мораат да играат против Русија и тоа на неутрален терен и без навивачи. Исто така името на репрезентацијата нема да биде Русија, туку Фудбалски сојуз на Русија, а нема ниту да се интонира химната на оваа држава.

Од Полска не се задоволни со одлуката.

„Одлуката на ФИФА за нас неприфатлива. Нашиот став останува ист, а тоа е дека репрезентацијата на Полска не сака да игра против Русија во баражот за пласман за Светско првенство, без оглед на тоа како ќе се вика руската екипа“, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Полска.

Според првобитниот план, Русија и Полска треба да се сретнат на 24. март, а во второто полуфинале ќе играат Шведска и Чешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Холанѓанец збесна и почна да го удира Перишиќ, а еве како му одговори Хрватот (Видео)

Иван Перишиќ одигра 70 минути во убедливата победа на ПСВ во гости кај АЗ (1:5), но натпре…