Ливерпул е спремен на лето да се раздели со својата голема ѕвезда, Роберто Фирмињо, пренесуваат медиумите на Островот.




30-годишниот Бразилец влезе во последната година од договорот со Ливерпул и клубот нема намера да му понуди нов, туку ќе го стави на трансфер листа на лето.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Од почетокот на сезоната Фирмињо имаше неколку повреди и го загуби местото во стартниот тим, а после доаѓањето на Дарвин Нуњес јасно е дека за него повеќе нема место во тимот.




Со оглед на падот на неговата форма и краткиот договор со Ливерпул, „црвените“ сметаат дека сега е вистинско време за продажба и му поставиле цена од 20 милиони фунти.




За Фирмињо интерес покажуваат неколку европски гиганти, а најсилен е интересот на Јувентус.