Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо е блиску до потпишување нов договор со клубот.
Актуелниот договор на Бразилецот истекува на крајот на сезоната и се сметаше дека сигурно ќе си замине како слободен агент.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Клоп сака да го задржи по секоја цена бидејќи верува дека ќе му биде корисен на тимот, па успеал да го убеди Фирмињо да остане на „Енфилд“.
Англиските медиуми тврдат дека наскоро Фирмињо ќе стави потпис на нов договор до 2025 година.
Со доаѓањето на Нуњес ова лето минутажата на Фирмињо значително се намали, но сепак има важна улога во тимот.
Тој пристигна на „Енфилд“ во 2015 година и до сега има постигнато 107 гола 87 асистенции за „црвените“.