Дома Фудбал Останато Фирмино ја изненади јавноста: Мане и Салах никогаш не се поднесуваа, јас бев на средина

Фирмино ја изненади јавноста: Мане и Салах никогаш не се поднесуваа, јас бев на средина

Роберто Фирмино е во фокусот на фудбалската јавност откако објави автобиографска книга со наслов „Си Сењор“.

Посебно внимание Фирмино привлече со делот во кој пишува за Мохамед Салах и Садио Мане.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


„Двајцата ги познавав многу добро, затоа што бев на теренот и често бев на средина меѓу двајцата. Ги познавам нивните погледи, гримасите, нервозните реакции и говорот на телото. Тоа го видов во натпреваот против Барнли. Многумина мислат дека тоа беше прва и последна расправија, но се готвеше долго време, можеби цела сезона наназад.

Имав задача да ја смирам тензијата меѓу нив. Но, факт е дека никогаш не беа најдобри пријатели, си беа посебни.

Не ги гледавме често како зборуваат, не знам дали беше така поради ривалиството на Египет и Сенегал. На теренот сепак во најголем дел од времето се однесуваа како големи професионалци“, изјави Фирмино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трансферот е речиси договорен: Васкез пред потпис со новиот клуб!

Лукас Васкез се наоѓа на прагот да ја продолжи својата кариера во Турција. Фудбалерот на Р…