Дома Трансфер зона Фиорентина не сака да го пушти Влаховиќ во Јувентус

Фиорентина не сака да го пушти Влаховиќ во Јувентус

Душан Влаховиќ е на излезна врата од Фиорентина, а според пишувањата на италијанските медиуми кариерата би требало да ја продолжи во Премиер лигата.

Влаховиќ е на мета на многу европски гиганти, а изминатите недели медиумите пишуваа дека најсилен интерес покажува Јувентус.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Бјанконерите“ веќе имале првични разговори со неговиот агент, но Фиорентина не сака да го продава Влаховиќ во Јувентус.

„Виолетовите“ преферираат да го продадат Влаховиќ во Премиер лигата, каде интерес за него покажуваат Арсенал, Тотенхем и Манчестер Сити.

Фиорентина ќе направи се за да не го продаде напаѓачот на ривал од Серија А, но последниот збор секако ќе го има Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…