Дома Фудбал Италија Фиорентина не сака да го купи Пјаца

Фиорентина не сака да го купи Пјаца

Фиорентина нема намера по крајот на сезоната да го откупи договорот на Марко Пјаца од Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Да потсетиме, Пјаца е член на Фиорентина од минатото лето кога за два милиони евра стигна на позајмица од Јувентус, а тимот од Фиренца има опција трајно да го донесе во своите редови за дополнителни 20 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, како што пренесуваат италијанците, Фиорентина нема намера да ја активира клазулата. Пјаца се мачи да избори место во стартната постава на Фиорентина, а кога добие прилика не ги воодушевува челниците на клубот. На досегашните 11 натпревари запиша еден гол и една асистенција.

Како што пренесува Calciomercato.com, Јувентус не сака да го врати Пјаца во своите редови, па Хрватот наредното лето би можел да се соочи со проблеми.

Сепак, со оглед на тоа дека има само 23 години, сигурно ќе најде клуб за себе, а доколку сака да игра за големи екипи ќе мора да ја подобри формата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Црвена звезда ја очекува пекол ако се пласира во осмина финалето на Лига Европа!

Фудбалерите на Црвена звезда се пласираа во нокаут фазата на Лига Европа. Сепак, за разлик…