Трансфер периодот за Фиорентина не е завршен, „Виолетовите“ за самиот финиш спремаат големо засилување, кои сакаат да го доведат од Милан.
„Газета дело Спорт“ денеска открива дека клубот од Фиренца сака да го доведе офанзивниот играч за врска на „Росонерите“, Шпанецот Сусо, кој во својот договор со Милан има откупна клаузула во износ од 40 милиони евра. Меѓутоа, Фиорентина според нивните сознанија не е спремна за Сусо да го издвои тој износ, туку ќе се обиде со Милан да постигне договор за нешто пониска откупна цена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, договорот би можел да биде постигнат за сума од 32 милиони, а следната недела ќе се покаже дали Фиорентина ќе успее во својата немера. Проблем во реализацијата на оваа работа би можеле да им направат француските прволигаши, бидејќи за Сусо интерес покажаа и Марсеј и Лион.
Сусо синоќа настапи за екипата на Милан во пријателскиот натпревар во Приштина против Фероникелија. Милан го доби тој натпревар со 2:0, а Сусо беше стрелец на првиот гол.