Фил Џонс наскоро би можел да го напушти Манчестер Јунајтед.
Кај Џонс не цветаат ружи, а Јунајтед игра се подобро и подобро.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Црвените ѓаволи се вклучија во борбата за топ четири и ќе биде интересно кога првенството ќе продолжи.
Кога Џонс е во прашање, оваа сезона во лигата запиша само два настапи, а три одигра во Лига Европа.
На некои натпревари го нима ниту на списокот, па јасно е дека не е во плановите на Солскјер.
Медиумите во Англија пренесуваат дека Јунајтед е спремен да го продаде, а за негови услуги ќе бараат 12 милиони фунти.
Како најсериозен клуб кој сака да го види во своите редови се наведува Њукасл.
Џонс во Јунајтед пристигна во 2011. година како големо засилување од Блекбурн.