МЗТ Скопје Аеродром од денеска и официјално има нов генерален извршен директор и тоа повторно поранешен кошаркар и миленик на публиката, кој знае колкава чест е да се носи сино-белиот дрес на клубот.
Станува збор за Филип Ѓоревски (36 години), кој за МЗТ настапуваше пред 15-тина години, а кој потоа неколку години беше и главен координатор на младинската школа на МЗТ Скопје.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во играчката кариера има играно уште и за Вардар Осигурување, Карпош Соколи, Фаворити и Тоа сум јас, а изминатиов период, е меѓу творците на проектот наречен Академија ФМП, кој од второлигаш дојде до епитетот најпријатно изненадување во актуелнава сезона.
Ѓоревски доаѓа на местото на Тони Грнчаров, кој изминативе четири години беше во улога на предводник на МЗТ Скопје Аеродром.